Успешната приказна во градежништвото започна во 2004 година, како Друштво за производство, градежништво, промет, трговија и услуги ММ Марковски инженеринг ДОО увоз-извоз Скопје.
Тринаесет години подоцна, приказната во полето на градежништвото продолжува да се проширува во повеќе индустрии и дејности со отварање на фирма -ќерка- Друштво за градежништво, угостителство, трговија и услуги Кран Инженеринг, чија приоритетна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради ( објекти)
- Нашата мисија е да обезбедиме квалитетна градба на станбени и нестанбени објекти, вклучувајќи најсовремени материјали од висок квалитет кои ги прават објектите модерни и уникатни. Воведувајќи ги најсовремените стандарди се обврзуваме да изградиме дом каков што заслужува секој поединец и семејство.
- Обезбедувањето на сигурен, квалитетен, економичен, модерен и функционален дом е нашата визија.